Дома Фудбал Италија Хаос во Интер – Спалети во судир со играчите, еден од нив и Мауро Икарди, Португалецот отстранет од тимот!

Хаос во Интер – Спалети во судир со играчите, еден од нив и Мауро Икарди, Португалецот отстранет од тимот!

Лучијано Спалети целосно ги изгуби „конците“ во Интер.

Интер кој пред два месеци важеше за еден од фаворитите за Скудетото падна во голема криза, па сега се наоѓа на четвртата позиција со 18 бодови помалку од првопласираниот Наполи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Проблемите се големи, а португалските медиуми пишуваат и зошто десниот бек Жоао Кансело е отстранет од тимот.

До судир дошло на тренинот, дури наводно истиот можел да прерасне и во физички кога Португалецот одбил да игра како лев бек место на својата природна позиција.

„О Жого“ пишува дека Спалети го елиминирал од тимот и му порачал дека на лето може да си замине. Да потсетиме, Кансело оваа зима сакаше да се врати во Валенсија која го испрати на позајмица во Интер.

Исто така локалните медиуми пишуваат и дека дошло до конфликт со Мауро Икарди и Иван Перишиќ и тоа пред натпреварот против Болоња на „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…