Дома Фудбал Италија Хаос во Интер: Икарди се скара со Хрватите, Реал „трие раце“

Хаос во Интер: Икарди се скара со Хрватите, Реал „трие раце“

Интер во последно време бележи лоши резултати, па и атмосферата во соблекувалната не е на посакуваното ниво.

Италијанските медиуми дека целата ситуација достигнала кулминација минатата недела кога после ремито со СПАЛ настанала жестока расправија помеѓу играчите.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Кориере дела Сера“ пренесува дека главни актери во расправијата биле хравтските репрезентативци Перишиќ и Брозовиќ кои жестоко се расправале со капитенот Мауро Икарди.

Доказ за големата расправија се и социјалните мрежи. Брозовиќ престана да го следи Аргентинецот на Инстаграм, додека Перишиќ го избриша Икарди од листата пријатели на Фејсбук.

Напаѓачот на „нероаѕурите“ има проблем и во приватниот живот бидејќи е скаран со својата сопруга Ванда Нара.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека од целата ситуација најмногу може да профитира Реал Мадрид кој сака да го види 24-годишниот Аргентинец во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…