Голем инцидент го одбележа дербито во Грција на мечот меѓу Олимпијакос и АЕК.
Домаќините имаа водство од 1:0 до самиот финиш, но АЕК успеа во последните пет минути да направи комплетен пресврт и победи со 1:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тие моменти ситуацијата на трибините се вжешти, а навивачите на Олимпијакос со бакли влетаа на терен за да се „пресметаат“ со играчите на гостинскиот тим.
Полицијата реагирала со солзавец и спречила поголем инцидент на хулиганите кои со столчиња и бакли се обиделе да ги нападнат и полицајците и обезбедувањето.