Британецот Луис Хамилтон вчера ја забележа првата победа во новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој во втората трка на стазата Ред Бул Ринг во Австрија победи пред тимскиот колега Валтери Ботас, а после трката изјави:
„Прво, сакам да му се заблагодарам на тимот и сите луѓе. Тимот заврши одлична работа со стратегијата, мое беше само тоа да го контролирам на вистински начин и да ја извозам трката.“ – порача Британецот и додаде:
„Среќен сум што им се вратив на победите после лошиот претходен викенд. Ова е голем чекор напред.“
Инаку, Хамилтон минатата недела на истата стаза заврши на четвртата позиција бидејќи доби казна од пет секунди поради инцидент пред крајот на трката.
Наредната трка во Формула 1 шампионатот се вози во Унгарија за шест дена.