Дома Останати Авто Мото Хамилтон сепак потпишува за Ферари!?

Хамилтон сепак потпишува за Ферари!?

Договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот на претстојната сезона и прашање е дали Британецот после тоа ќе седне во болидот на германскиот тим.

Мерцедес размислува да се повлече од Формула 1, поради што според извештаите на германските медиуми Хамилтон веќе започнал преговори со Ферари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На 12 февруари, Дајмер ќе одлучи дали Мерцедес ќе остане во Ф1 со оглед на тоа дека има загарантиран настап само во 2020 година.

Германците планираат да ги намалат трошоците за 900 милиони евра, а најмногу пари би заштедиле со напуштање на Формула 1, затоа што настапите во тоа натпреварување се најскапи.

Една од причините што Хамилтон размислува да го напушти Мерцедес е можното заминување на Тот Волф од германскиот тим, бидејќи тој беше на кормилото на тимот за време кога Британецот ги освојуваше титулите.

Хамилтон досега беше шест пати светски првак, а во наредната сезона ќе се обиде да се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…