Луис Хамилтон доминираше на патеката Хунгароринг и заслужено стигна до победа со која се израмни со легендарниот Михаел Шумахер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова за Хамилтон беше осма победа на една патека, па се израмни со легендарниот Шумахер, кој осум пати се најде на највисокото место на подиумот на „Мањи Кур“ во Франција.
Британецот без никакви проблеми ја задржа позицијата која ја имаше уште од квалификациите иако патеката беше влажна и на почетокот сите влегуваа во бокс.
Вторто место му припадна на Макс Верстапен кој иако имаше проблеми во текот на трката се избори за одлична позиција на крајот. На подиумот заврши и Валтери Ботас.