Британскиот возач Луис Хамилтон по шести пат во својата кариера стана светски првак во Формула 1.
Хамилтон вчера заврши на второто место на трката за Големата награда на САД, но тоа му беше доволно да ја одбрани титулата. Иако до крајот останаа уште две трки Хамилтон успеа да ја победи конкуренцијата и повторно да ја потврди доминацијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После трката не можеше да го сокрие своите емоции, им се заблагодари на екипата на Мерцедес, своето семејство и навивачите за поддршката која ја имаше во текот на сезоната.
„Пресреќен сум. Ова беше тешка трка, Валтери заврши одлична работа и му честитам на победата. Ова е емотивен момент за мене. Овде е моето семејство и целата екипа на кои им благодарам за поддршката. Одлично е чувството да бидеш запишан помеѓу овие славни и успешни возачи.“ – изјави Хамилтон и додаде:
„Татко ми кога има пет или шест години ми рече никогаш да не се откажувам. Тоа е некое наше фамилијарно мото. Притискав колку што можев повеќе, се надевав дека можам и до победа, но на крајот на трката гумите ме предадоа.“