Денес Мерцедес и официјално го презентираше болидот за новата сезона во Формула 1, за време на промоцијата беше разрешена и дилемата во изминатиот период за кариерата на Луис Хамилтон.
Седумкратниот светски шампион се поврзуваше со повлекување по драматичниот крај минатата сезона во која Макс Верстапен во последниот круг во Абу Даби стигна до титулата. Хамилтон порача дека никогаш не кажал дека ќе престане да се трка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Никогаш не кажав дека ќе престанам да се тркам. Се уште уживам додека го правам тоа, привилегија е да се биде дел од овој спорт и да се работи со вакви луѓе. Потребно ми беше малку време да поминам надвор од Ф1. Поминав низ тежок период и морав да се оттргнам од јавноста за да се посветам на самиот себе. Моето семејство беше до мене и тоа ми значеше“, изјави Хамилтон.
Во новата сезона Хамилтон ќе биде тимски колега со неговиот сонародник, Џорџ Расел.
The return of the Silver Arrows. 🤍 Meet the Mercedes-AMG F1 W13 E Performance. 🤩 pic.twitter.com/NsuEBvbkbK
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 18, 2022