
Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда возена на „Нирбургринг“ иако стартуваше од втората позиција.
Британскиот возач ја запиша 91. победа во историјата на Ф1 и така го израмни рекордот на Шумахер, па следниот викенд ќе има можност да го надмине легендарниот Германец.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Позицијата на Хамилтон не беше загрозена во целата трка, откако изби на лидерската позиција, па Макс Ферстапен со Ред Бул мораше да се задоволи само со втората позиција.
Место на подиумот имаше за Даниел Рикардо. Од четвртата позиција следуваа Серхио Перез, Карлос Саинц, Пјер Гасл, Шарл Леклер и Нико Хулкенберг.