Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за големата награда на Италија откако беше најбрз на денешните квалификации.
Хамилтон постави нов рекорд на легендарната патека „Монца“ со време од 1:18:877 и го надмина остварувањето на Кими Раиконен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Хамилтон ова беше дури 94-та пол позиција во кариерата, па само ја продолжи доминацијата и е главен фаворит за победа.
Ферари продолжува со катастрофалните резултати и во Италија, па Леклер ќе стартува 13-ти, а Фетел 17-ти.