Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон денес се здоби со најголемата чест од британското Кралско семејство.
Денес принцот Чарлс го одликуваше за витез и од денес Хамилтон ќе ја носи титулата Сер, односно ќе биде Сер Луис Хамилтон.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во викендот кој е зад нас Хамилтон за малку не успеа да стигне до за него рекордната осма шампионска титула. На патеката „Јас Марина“ Британецот имаше предност скоро во целата трка, но на крајот изгуби во последниот круг од Макс Верстапен.
