Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез преминал бесплатно од Реал Мадрид во Евертон.
Ова станува јасно од изјавата на претставник на неговиот поранешен тим Банфилд од Аргентина, каде тие очекуваа процент од износот што беше објавен во медиумите во висина од 25 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Банфилд се распрашал дали ќе добијат нешто според механизмот за солидарност и стана јасно дека Хамес отишол во Евертон како слободен агент.
„За жал, нема да добиеме ништо“, соопштија од Банфилд,
Хамес Родригез беше „вишок“ во Реал Мадрид, Зидан сакаше да се ослободи од него, па „кралевите“ се согласиле да го пуштат без обештетување и да заштедат само на неговата плата.