Дома Фудбал Англија Хаверц спремен да го плати патувањето на Челзи

Хаверц спремен да го плати патувањето на Челзи

Челзи се соочува со големи проблеми откако му беа наметнати санкции на сопственикот Роман Абрамович.

Клубот работи со специјална лиценца и има ограничен буџет за гостувањата, па нема да може да патува со авион на гостувањето кај Мидлсборо во ФА Купот.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Челзи поради воведениот лимит од 22.500 евра за организација на патот не му е овозможено да организира авионски првеоз, што значи дека на пат од речиси 900 километри, од тренинг центарот „Кобам“ до стадионот „Риверсајд“ ќе мора да патува со автобус над 10 часа!

Хаверц вели дека ако клубот остане без пари, тој без проблем би платил за идните патувања на клубот.

„Мислам дека има многу потешки моменти, потешки работи во светот отколку тоа дали ќе патуваме со автобус или авион. Јас и платил, без никаков проблем“, изјави Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден терминот за првото „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона наскоро ќе го одиграат првото „Ел Класико“ во Ла Ли…