Дома Македонски спорт Футсалците го запишаа и вториот пораз на квалификацискиот турнир за СП

Футсалците го запишаа и вториот пораз на квалификацискиот турнир за СП

Репрезентацијата на Македонија во футсал денес го претрпе и вториот пораз на квалификацискиот турнир во „Јане Сандаски“.

После поразот од Словенија, денес нашите репрезентативци беа поразени со 7:5  од Косово.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Косово до предност стигна уште во втората минута, а само минута подоцна ние изедначивме преку Иван Крстевски.

Брзата игра на стартот донесе нов гол, Косово одново стигна до предност. Следуваа неколку наши промашени шанси и за нив казната стигна во 12-тата минута кога гостите поведоа со 3:1.

До крајот на првиот дел видовме уште по два гола на двете страни, за нас стрелаше Исмаили.

Веднаш на стартот од вториот дел намаливме на 4:3 преку Глигоров. Со голот на Ферид Агуши во 26-тата минута стигнавме и до изедначување.

Две минути подоцна стигнавме и до прво водство од 5:4, погоди Адријан Мицевски. Косово во 33-тата минута стигна до изедначување.

Крстевски имаше одлична прилика во 37-та минута, но не ја реализираше. На една минута пред крајот гостите стигнаа до водство од 6:5, а до крајот во последните секунди ги поставија конечните 7:5.

Во недела се игра последното коло во кое нашата селекција ќе игра против Украина.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…