Со нетрпение се очекува новата сезона во Серија А, каде според сите предпоставки Јувентус и Интер ќе водат битка за Скудетото.
Интересно е што во новата сезона „старата дама“ ќе биде предводена од Андреа Пирло, фантастичниот плејмејкер, кој нема ниту ден искуство на тренерското столче.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пирло пред неколку дена доби професионална УЕФА лиценца, каде на 30 страници ја опиша својата визија за фудбал.
Пирло се залага за „активен фудбал базиран на посед на топка, брзо освојување на топката и напад“.
Пирло сака акциите да почнуваат од одбраната и последниот играч во одбраната да биде тој од каде што ќе започнуваат акциите.
Во фаза на одбрана неговиот тим ќе игра константен пресинг и ќе се обиде што е можно побрзо да ја освои топката. Во напад пак Пирло смета дека константно мора да има пет фудбалери, кои ќе бидат спремни во секој момент да променат правец и да помагаат во одбраната.
#Juve, la tesi di #Pirlo: "Il calcio che vorrei" https://t.co/44zfSL5R7a
— Corriere dello Sport (@CorSport) September 16, 2020