За натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем уште долго ќе се зборува.
Фантастичниот натпревар од четвртфиналето на „Итихад“ донесе седум гола, Манчестер Сити победи со 4:3, но Тотенхем се пласираше во полуфиналето поради головите постигнати на гостински терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити во третата минута од судиското продолжени постигна гол за 5:3. Сепак, тој гол беше поништен после прегледувањето на снимките, а еден од играчите на лондонскиот клуб тим бил убеден дека неговиот тим е елиминиран.
Станува збор за играчот за врска Моуса Сисоко. Тој поради повреда го напушти натпреварот, а од клупата си заминал кога Рахим Стерлиг постигна погодок.
„Бев на клупата и кога постигнаа гол за 5:3, ми се стемни пред очи и си отидов во соблекувалната. Бев сам, немаше телевизор и мислев дека сме елиминирани. Потоа во соблекувалната дојде човек кој е задолжен за опремата и викаше: Неверојатно, успеавме! Го прашав како? Тогаш ми кажа дека голот бил поништен. Ја облеков набрзина маицата, заборавив на болките и истрчав на теренот за да се придружам на остатокот од тимот. Не сакав да го пропуштам славјето во овој историски момент. Тоа беше вистински шок за мене“, изјави Сисоко.
Францускиот фудбалер играта мораше да ја напушти во самиот финиш од првото полувреме. Тој ја откри тежината на повредата со која се здоби после дуелот со Кевин Де Брујн.
„Не верувам дека ќе бидам спремен за натпреварот кој се игра за викендот, но се надевам дека за десетина дена ќе бидам максимално подготвен“, додаде играчот за врска.