Maкедонската женска фудбалска репрезентација до 17 години претрпе пораз со резултат 1:2 од селекцијата на Косово во третиот натпревар од Групата 1 во квалификациите за од Лига Б за Европското првенство.
Нашите фудбалерки со овој пораз испуштија можност за прво место во групата и продолжување во следната фаза. Овој пораз за младите фудбалерки доаѓа по победите против Грузија и Ерменија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија до водство дојде по само 10 минути игра со голот на Попески, но Косово израмни во 27. минута. Кога изгледаше дека на натпреварот ќе нема победник, Хоџа на пет минути до крајот од истекот на регуларните 90 погоди за победа на Косово.
Треба да се спомене и дека Македонија од 68. минута беше без услугите на Коменова која заработи црвен картон.