Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Лукембург за пласман во елитната фаза на квалификации.
Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на домаќинот Луксембург, Словачка и Летонија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во рамките на првиот меч, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Летонија. Во второто коло, копјата ќе ги вкрстиме со Словачка. Во последното коло од квалификацискиот турнир играме против домаќинот, репрезентацијата на Лускембург.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Вујадин Станојковиќ за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус, се одлучи шанса да има даде на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Славе Вргов Вардар Неготини
Спаско Ахтаров Беласица
Амар Хаџибулиќ Работнички
ОДБРАНА:
Анес Мелиќи Шкендија
Андреј Велков А.П. Брера
Наим Синанов Варнамо, Шведска
Адриан Незир Верл, Германија
Андреј Љубевски Работнички
Габриел Крстевски Пелистер
СРЕДЕН РЕД:
Давид Ристовски А.П. Брера
Матеј Гаштаров Црвена Звезда, Србија
Милот Синани Ара, Швајцарија
Аљмир Подграѓа Работнички
Никола Манојлов Работнички
Урон Алили Елбасани, Албанија
НАПАД:
Веби Ислами Шкендија
Димитар Данев Работнички
Андреј Силјановски Пелистер
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Адмир Љатифи Беса
Јован Бошнаков Работнички