Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите до 15 години ремизираа со Албанија

Фудбалерите до 15 години ремизираа со Албанија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Подградец.

Велевски во 11. минута прв се закани по голот на противникот. Во 16. минута Македонија имаше уште една добра можност што не успеавме да ја реализираме. Албанија во 34. минута постигнува погодок за водство од 1:0.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во 74. минута Стојанов ја имаше најдобрата прилика за Македонија, но не успеа да погоди. Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 80. минута. Георгиевски успеа да реализира за 1:1 по една одлична наша акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалерките до 17 години учествуваат на турнир во Италија

Младата женска репрезентација на Македонија од денеска до 15 септември ќе биде учесник на …