Фиоренатина патува на ова гостување после четири натпревари без победа, па „волетовите“ не можеа да имаат подобра шанса да ја прекинат таа лоша серија.
Фросиноне се „разбуди“ во последните три натпревари, но се наоѓа на претпоследното место и го чека грчевите борба за опстанок оваа сезона.
Фросиноне продолжува да се бори за „гол живот“
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во нивиот втор настап во Серија А тимот на Фросиноне покажува толку колку и што се очекуваше. Овој тим е трет најефтин во лигата и моментално се наоѓа на претпоследното место со само 6 освоени бода и катастрофална гол разлика од -15. Во последните три натпревари се „разбуди“ и освои пет бода, односно запиша една победа и две ремија.
Менаџерот Морено Лонго во секо меч влегува како аутсајдер и се бори за „гол живот“, но сега ќе му биде уште потешко поради фактот што нема да може да смета на Лука Паганини и Федерико Диониси кои се повредени. Тимот игра со формација 3-4-3 и знае да биде опасен по крилните позиции, но тешко дека ќе може да освои бодови во овој меч.
„Пеницилин“ за заспаните ѕвезди од Тоскана
Фиорентина имаше одличен старт на сезоната, но го расипа впечатокот во последните пет меча. Без оглед на фактот што беа поразени само еднаш, запишаа три ремија против екипи кои требаше да ги „добијат“. Меѓутоа, „виолетовите“ се уште се во горниот дел од табелата и мечот со Фросиноне може да биде нивниот „пеницилин“.
Менаџерот Стефано Пиоли би можел да ја пронени формацијата од стандардната 4-3-3 во 4-2-3-1 каде конечно би можел да заигра со Пјаца, Киеза и Симеоне во нападот и да почне офанзивно од самиот старт бидејќи нема право на нов кикс.
Веројатни состави:
Фросиноне: Спортиело, Голданига, Ариаудо, Капуано, Зампано, Чибсах, Маиело, Бегето, Влоет, Камбел, Циофани.
Фиорентина: Лафонт, Миленковиќ, Пацела, Витор Уго, Бираги, Бенаси, Верето, Жерсон, Киеза, Симеоне, Пјаца.
Целосниот текст како и предлог типовите за овој натпревар можете да ги прочитате на специјализираниот портал kladenje.mk