Пари Сен Жермен вчера повторно ја разочара француската јавност како и во годините претходно кога во прашање е Лигата на шампионите. Шеиците доведоа бројни ѕвезди и потрошија над милијарда евра, сепак се уште не го освоиле најпосакуваниот клупски европски трофеј.
По елиминацијата следуваа многу критики, а легендарниот Жером Ротен кој дресот на „светците“ го носеше од 2004 до 2009 година „удри“ по Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не го сакаме, нека си замине! Не сака дасе даде себеси за клубот. Читав некои изјави дека се прилагодил. На што тоа се прилагодил?! На тоа да постигнеш 18 голови и наместиш 16 во натпревари со Аже и Клермон?! Во важните натпревари никаде го нема“.
„Како да си игра со нас. Сите видовме како играше на Светското првенство и колку беше посветен. Разбирам дека репрезентацијата е нешто друго, но мораш да го почитуваш и клубот кој ти дава плата. Само ПСЖ во Европа може да му ги даде примањата кои сега ги има.
Сите очекуваа Меси да помогне во освојувањето на Лигата на шампионите, но досега не направи ништо“, изјави Ротен.