Вчера од Париз стигна потврда за лошите вести за ПСЖ и завршувањето на сезоната за Нејмар.
Поради таквата ситуација ПСЖ ќе мора во реваншот против Баерн утре да биде без Бразилецот. Сепак француската ленда, Биксент Лизарзу смета дека „светците“ имаат повеќе шанси без, отколку со Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога Меси, Мбапе и Нејмар играат заедно, многу пати не се враќаат во одбраната. Ова ги ослабува одбранбените механизми, па остатокот од тимот треба да трча многу повеќе.
Само со Меси и Мбапе против Баерн, ПСЖ ќе биде поизбалансиран како тим, а играчите од средниот ред ќе работат помалку од вообичаено за да ја вратат топката. Целиот тим ќе биде посвеж и нема да биде изложен на толку опасни контри“, смета Лизарзу.
Лизаразу е легенда во Франција, со која беше светски шампион во 1998 година и европски шампион во 2000 година, а легенда е и во Баерн, каде што помина девет сезони помеѓу 1997 и 2006 година. Со германскиот клуб освои шест титули во Бундеслигата и еднна во Лигата на шампионите во 2001 година.