Дома Актуелно Французите убедени: ПСЖ се менува – ќе продава и нема повеќе астрономски суми

Французите убедени: ПСЖ се менува – ќе продава и нема повеќе астрономски суми

psg

Иако ПСЖ ги демантираше наводите на „Фудбал Ликс“ за „соработка“ со УЕФА и избегнување на ФФП, француските медиуми денес тврдат дека „светците“ ќе мораат да продадат една голема ѕвезда.

Имено, генералниот секретар Мелер помеѓу редови порача дека продажби ќе има. Според информациите во ПСЖ веќе ангажираа адвокати кои ќе ги бранат своите ставови, но изгледа Нејмар или Мбапе ќе мораат да заминат.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Намалување на трошоците веќе направија со заминување на Мота, Пасторе, Ло Селсо, но тоа е само капка во морето.

Французите се убедени дека Нејмар ќе биде продаден, како и Кавани кој би се вратил во Неапол. Кога во прашање е Бразилецот, тоа ќе мора да биде сума слична на онаа за која пристигна во Париз.

Не е потврдено, но се наведува и дека Тухел бил известен дека клубот ќе мора да се ослободи од постарите играчи како Тиаго Силва и Дани Алвес. Наводно, поради тоа добил задача да форсира млади играчи.

Дали ова ќе биде крајот за сонот на ПСЖ да доминира во Европа или можеби подобар пат, ќе покаже времето. Секако, со претпоставка дека најавите на француските медиуми се вистинити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…