Реномираниот француски весник „Л’Eкип“ е познат по своите ригорозни оценки, а таквите беа и очекувани по дебаклот против Њукасл во Лигата на шампионите.
Посебни критики од јавноста доби Луис Енрике за поставеноста на фудбалерите (ТУКА), меѓутоа остри беа Французите и кон Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе за едно со уште двајца фудбалери на ПСЖ доби „двојка“ на скала од 1 до 10. Заедно со Мбапе со оваа оценка беше оценет и Коло Муани кој пристигна од Франкфурт, како и дефанзивецот Маркињос кој треба да биде командат на одбраната на францускиот гигант.
Од фудбалерите на ПСЖ најдобро оценет беше Ворен Зер-Емери од средниот ред со „шестка“.