Дефанзивецот на Баерн имаше добра причина за да го направи тоа.
Матс Хумелс не е омилена фигура меѓу навивачите на Борусија Дормтунд од причина што им заби „нож во грб“ кога ги засили редовите на најголеиот ривал, Баерн. Хумелс во саботата повторно се појави на „Вестфален“ само уште еднаш да го „запознае“ поранешниот клуб што и му успеа, со оглед на тоа што гостите победија со 3:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Германија одлично ги изработи своите дефанзивни задачи, но го привлече вниманието со еден невообичаен детал. Имено, тој играше со скинати копачки?! Забележано беше дека трча по топката со скинати копачки на врвовите кои беа видливи поради тоа што беа портокалеви.
Тешко беше да се разбере од каде се дупките, но Хумелс го објасни тоа по натпреварот.
„Не смеам да имам премногу притисок на стопалата, бидејќи двете ми се отечени, па сакав малку вака да им оелснам. Малку ми се напукнати во овој момент и се надевам дека ќе ги регенерирам до следниот натпревар“, откри фудбалерот на Баерн.