Во 2010 година на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше поставена ѕвезда во чест на македонската фудбалска икона, Горан Пандев.
Денес, таа иста ѕвезда ја снема, односно е украдена соопштија од „Општина Струмица“, преку својот официјален Фејбук профил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украдена ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица
„На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев. Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад. Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот ќе го пријави во полиција“, стои во соопштението на Фејсбук профилот на „Општина Струмица“.
https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/1866896150030473