Дома Фудбал Англија ФОТО: Тимската фотографија на Арсенал покажува кој е вишок во тимот

ФОТО: Тимската фотографија на Арсенал покажува кој е вишок во тимот

Навивачите на Арсенал се навикнати во вторник и среда да го гледаат својот клуб во Лигата на Шампионите.

Тоа оваа сезона, сепак, не е случај. Минатата сезона екипата на Арсенал им направи вистински шок, бидејќи топџиите по две децении не успеаа да се пласираат во најелитното клупско натпреварување во Европа, а денеска добија уште еден шок, и тоа на официјалната Фејсбук страница на клубот.


Имено, Арсенал ја објави тимската фотографија, а оние кои поседуваат поголема моќ забележија дека на фотографијата недостасуваат два, многу важни фудбалери.

На тимската фотографија на Арсенал ги нема двете најголеми ѕвезди на клубот, Месут Озил и Алексис Санчез. За многу кратко време, ова создаде паника меѓу навивачите на Арсенал, бидејќи, можеби, навестува заминување на двајцата фудбалери од „Емирати“.

Договорите на Санчез и Озил со Арсенал истекуваат на крајот на сезоната, а двата се уште не се продолжени. Тоа само по себе е доволна причина за загриженост за навивачите на Арсенал, но оваа фотографија, изгледа дека само ги потврдува нивните сомневања.

Во текот на изминатиов трансфер период се шпекулираше дека Озил и Санчез би можеле да го напуштат „Емирати“, тоа сепак, не се случи, но сега гласините се почести и медиумите пишуваат дека играчите ќе си заминат во јануари следната година.

Треба да се додаде дека на оваа фотографија го нема ниту Франсис Кокелин, но тој тимската фотографија ја пропуштил поради опоравувањето од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Валкана“ игра на Винисиус со Кралевите!

Винисиус Жуниор веќе се наметна како голема ѕвезда во Реал Мадрид. Мадридскиот клуб од нег…