Дома Останати ФОТО: Таткото на Кабиб испрати нова порака до Мекгрегор

ФОТО: Таткото на Кабиб испрати нова порака до Мекгрегор

Таткото на шампионот во лесна категорија во УФЦ Кабиб Нурмагомедов денес повторно се огласи на друштвените мрежи со порака за Конор Мекгрегор.

Абдуламанап Нурмагомедов се огласи на Инстаграм после хаосот кој го направи неговиот син во Лас Вегас. Кабиб го победи во борбата за појасот во лесна категорија, а потоа излезе од кафезот и тргна да се пресметува со еден од тренерите на Ирецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мекгрегор и неговиот тим жестоко го провоцираа Кабиб пред борбата и не бираа начин да го навредат Дагестанецот. Кабиб на прес-конференцијата после борбата порача дека не може да толерира навреди на сметка на неговата религија, семејство и нација.

Сепак, неговиот татко со објава на Инстаграм очигледно одлучи малку да ги смири страстите помеѓу нив. Тој порача дека му простуваат на Мекгрегор за она што го правеше пред борбата со неговиот син.

„Есселамуеалејкум на сите. Му простувам на Конор Мекгрегор за она што го направи. Ние ќе направиме анализа на она што се случуваше и ќе научиме лекција тоа повеќе да не се повтори“, порача таткото на Кабиб преку неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…