Реал Мадрид запиша пораз во вчерашниот натпревар од Реал Бетис, а на „Сантијаго Бернабеу“ на дваесетина минути до крајот на натпреварот се случи една навистина несекојдневна сцена, која веројатно ја покажува нервозата во редовите на „кралевите“.
Марко Асенсио влезе на местото на Иско, но неколку моменти претходно, настана конфузија. Марсело се повреди, го напушти теренот, а на негово место влегуваше Лукас Васкез.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во исто време Борха Мајорал влегуваше во игра, фудбалерот влезе на теренот, никој не тргна кон клупата за резерви.
Но, главниот судија на натпреварот, Матео Лахоз, во тој момент ги преброи играчите на теренот и му сугерираше на Зинедин Зидан да исфрли еден.
Малку недостасуваше Реал финишот на натпреварот да го одигра со 12 натпревари: Навас, Карвахал, Варан, Рамос, Касемиро, Крос, Бејл, Роналдо, Асенсио, Васкез, Мајорал и Модриќ.