Во изминатите неколку години бразилскиот фудбалер Нејмар инкасираше огромна сума на пари, а минатото лето стана најкапиот фудбалер во историјата со трансферот за сума од 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ.
Според последните информации Нејмар има огромен договор со ПСЖ, а сметајќи ги и приходите од реклами неделно стигнува до заработка и до 775.000 фунти. Нејмар сака да троши на скапи автомобили, а неговата колекција вреди навистина многу.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар може да се пофали дека е еден од неколкуте луѓе во светот кои во својата колекција има „Масерати MC12“. Во светот има само 50 вакви авомобили и нивната цена е 415.000 фунти. Бразилецот има и „Ферари 450“ кое има вредност од околу 160.000 фунти.
Исто така е љубител и на „Ауди“ и поседува неколку модели. Најскапиот модел е „Р8 Спајдер“ кој вреди околу 120.000 фунти.
Најефтиниот автомобил во колекцијата на Нејмар е „Волсфаген Туарег“ – 44.000 фунти.
Покрај скапата колекција автомобиле Нејмар поседува и приватен авион кој го купи за шест милиони фунти. Некогаш имаше и јахта, но истата му беше одземена поради затајување на данок.