Португалскиот фудбалер, Кристиано Роналдо веќе десетина дена се наоѓа во центарот на вниманието откако беше обвинет за силување од американската манекенка Кетрин Мајорга.
Мајорга за медиумите неодамна изјави дека Роналдо брутално ја силувал во 2009 година во еден луксузен хотел во Лас Вегас. На почетокот изгледаше дека оваа приказна брзо ќе биде заборавено, но тоа не се случи, па полицијата во Лас Вегас го отвори случајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо веднаш ги демантираше таквите обвинувања и најави тужба. Притисокот од јавноста на фудбалерот на Јувентус е огромен, а неодамна адвокатката на Мајорга излезе со објава дека уште три девојки ја контактирале и се пожалиле дека Португалецот им направил нешто слично.
Досега во медиумите се намеше огласено некој член на неговото семејство, а денес преку социјалните мрежи тоа го направија неговата мајка Долорес и сестрата Катја.
Тие одлучија да покажат и да стават до знаење дека му даваат поддршка на својот син.
„Роналдо со тебе сме до крај. Заедно ќе ги надминеме сите проблеми“, порача неговата мајка, Долорес.
„Го поддржувам Роналдо. Ова е замка, постојат работи кои немаат никаква смисла“, гласеше пораката на сестрата Катја.