Македонската фудбалска репрезентација освои историски прв бод на Европските првенства до 21 година, по ремито со Србија 2:2, кое можеше да биде и прва победа, но нажиот јужен сосед се спаси од пораз во последните моменти од средбата.
По безмалку еден час игра, теренот го напушти Давид Бабунски, кој беше заменет од Елмас. Подоцна токму младиот Елмас беше „виновник“ за добиениот пенал, кој го реализираше Барди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, која е вистинската причина за излегувањето од игра на Давид Бабунски? Уште пред средбата имал големи болки на прстите на ногата, но одлучил да игра.
Селекторот Милевски сепак се одлучи да го поштеди од дополнителни болки, ете и како изгледа ногата на Бабунски по вечерашната средба.