Синоќа се одигра пријателски меч, помеѓу репрезентациите на Каталонија и Венецуела, кој заврши со победа на Каталонците од 2:1.
За репрезентацијата на Каталонија настапи и стоперот на Барселона, Џерард Пике, а тој во текот на мечот имаше интересни дуели во Сотелдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Незгодната „десетка“ на Венецуела не успеа да се запише во листата на стрелците, но привлече доста внимание во дуелите со Пике поради разликата во висина.
Малиот офанзивец на бразислки Сантос е висок 158 сантиметри, додека корпулентниот Пике е висок 192.
Фотографијата од нивниот дуел стана вирална на социјалните мрежи.
Pique vs. Soteldo
6’4” vs. 5’2”— B/R Football (@brfootball) March 26, 2019