Дома Фудбал Репрезентации Фото: Пандев никако не може да го прифати новиот дрес

Фото: Пандев никако не може да го прифати новиот дрес

Фудбалската федерација на Македонија ги промовираше дресовите на македонските фудбалери, кои ќе настапат на Европското првенство.

Македонија на ЕП ќе има можност да настапи во три варијанти на дресот, првата и официјална е во бордо боја, вториот е бел со жолти црти и третиот е црн со портокалова комбинација. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите воопшто не се задоволни поради потегот на ФФМ и решија да отворат петиција преку која бараат да се врати црвената боја на македонскиот дрес.

Својот став за дресот го кажа и капитенот Горан Пандев, кој вчера на социјалните мрежи објави слика од стариот дрес и им даде поддршка на фановите.

Доцна синоќа нашиот капитен сподели уште една фотографија од македонски дрес во жолто-црвена комбинација и напиша „Македонија“.

Како ќе се одрази новиот дрес во атмосферата на репрезентацијата останува да видиме.

Да потсетиме, Македонија во вторник го игра пријателскиот натпревар против Словенија кој ќе се одигра на Арената  „Тодор Проески“ во Скопје, а од денеска се пуштени во продажба и картите за овој натпревар.

Нема достапен опис
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дефинитивно има проблем: Погледнете како Салах се однесуваше кон Клоп 🎥

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет е караницата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах …