Веќе неколку дена Кристиано Роналдо се наоѓа на насловните страници на медиумите, но поради обвинувањата за силување од страна на Американката, Кетрин Мајорга.
Роналдо упорно тврди дека не ја силувал Мајорга, но и понатаму е под силен притисок, па се додека се докаже дека е невин, нема да може да спие мирно.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Злочинот“ се случил во Лас Вегас во 2009 година, а британските медиуми објавија фотографии од „местото на силување“.
Станува збор за пентхаус на 57-от спрат на еден луксузен хотел, каде Роналдо ја довел Мајорга, а потоа наводно ја принудил на секс.