Според успесите во изминатата година, целиост свет очекува „Златната топка“ за 2017 година да ја освои Кристиано Роналдо, но…
На друштвените мрежи започна да кружи соминителна фотографија за насловната страна на угледниот магазин „France Football“, според која „Златната топка“ ќе заврши во рацете на најголемиот ривал на Португалецот, Лионел Меси.
Leaked cover of France Football's Ballon d'Or edition? Did Messi win the Ballon D'or 2017?
Don't know if this is real or not… pic.twitter.com/mHLLzi1iKc
— ᵁᴸᵀᴿᴬ® (@UltraAutistic) November 11, 2017
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристиано Роналдо, кој минатата година стигна до оваа награда, оваа година стигна до титулата во Лигата на шампионите и шпанското првенство, па поради тоа е апсолутен фаворит за освојувањето на оваа награда. Меѓутоа, катастрогалниот старт на сезоната во претходните два месеци „фрлија“ сенка на неговите успеси.
Од друга страна Меси игра фантастично и со Барселона е лидер во Примера, но и се пласираше во следната фаза од Лигата на шампионите и стана херој на репрезентацијата во последното коло од квалификациите за Светското првенство.
Да потсетиме, победикот официјално ќе биде преставен во емисијата во живо на 7 декември.
Доколку има вистина во оваа информација, ова би било голем удар за Роналдо и неговото его. Меѓутоа во морето лавина коментари кои се појавија по оваа шокантна вест се појави и еден кој можеби дава објаснување на целата ситуација.
„France Football секогаш прави три насловни страници, за секој од финалните кандидати“, гласеше еден од коментарите.
Секако дека има смисла, но и минатата година се појави слика од насловната со Кристиано Роналдо, кој подоцна и официјално ја освои „Златната топка“. На кого може да му се верува тешко е да се каже…