Дома Актуелно ФОТО: Навивачите на Јувентус поставија банер на тренингот за да ги мотивираат играчите

ФОТО: Навивачите на Јувентус поставија банер на тренингот за да ги мотивираат играчите

Изгледа дека навивачите на Јувентус повеќе од било кога сакаат нивниот тим да ја освои Серија А.

Јуве шест пати по ред беше шампион на Италија, а пред екипата е многу тешка задача, односно по седми пат во низа да го подигне трофејот шампион на Италија.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Имено, Наполи со победата пред два дена во Торино му се приближи на Јувентус на само еден бод, а до крајот на сезоната „Старата дама“ ја очекуваат тешки гостувања кај Рома и Интер. Изгледа дека многу неутрални навивачи во Италија сакаат конечно да прекине доминацијата на Јувентус, па еден дел од навивачите на Фиорентина, кој е следниот противник на Наполи, бараат од клубот да им ги препуштат трите бода на Наполитанците.

Навивачите на Јувентус одлучија на денешниот тренинг да ги поддржат своите миленици и да постават еден банер. „Ние со гласот и вие со срцето – одиме да го освоиме тоа“, пишува на банерот кој сигурно треба да им даде дополнителен мотив на фудбалерите на Јувентус.

Потсетуваме, Јувентус следниот натпревар во Серија А го игра овој викенд против Интер на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…