Дома Фудбал Останато ФОТО: Икер не се предава, клучниот преглед во март

ФОТО: Икер не се предава, клучниот преглед во март

Икер Касиљас не сака така да го напушти фудбалот.

Апсолутната легенда на шпанскиот и светскиот фудбал мораше насилно да ја заврши својата кариера по доживеаниот срцев удар на тренингот на Порто, но нема план на таков начин да ја заврши кариерата. Касиљас тренира многу, но за евентуално враќање ќе мора да ги почека резултатите од тестовите кои се закажани за март следната година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој преглед е клучен за неговото продолжување на кариерата. Лекарите ќе донесат одлука дали 38-годишниот голман ќе ја продолжи кариерата или дефинитивно ќе ја заврши кариерата. Додека ги чека тестовите, Икер ништо не остава случајно и сака да биде во форма во случај лекарите да му дозволат да се врати на теренот. „Работно“, кратко напиша на Твитер, а фотографијата повлече големо внимание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…