Каталонија денес е во центарот на вниманието, како на политичката, така и на спортската јавност!
Денес во оваа шпанска покраина се одржува референдум кој е проследен со немири на улиците и многу инциденти. Токму поради тоа Барса побара од Федерацијата одложување на мечот со Лас Памлас, но раководството на Примера одлучи да го одбие барањето.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
На Барселона и беше кажано дека натпреварот ќе биде прогласен со службен резултат 0:3 за Лас Палмас доколку фудбалерите на излезат денес на „Камп Ноу“.
Она што е најважно е што е одлучено мечот да се игра зад затворени врати, односно без присуство на публика. Тешко е да се поверува дека тоа некогаш се случило во историјата на овој славен клуб.
Снимките од празниот „Камп Ноу“ кружат по сите светски медиуми кои пренесуваат дека ова е доказ дека во Барселона денес се игра историски натпревар.