Дома Македонски спорт (ФОТО) Драчево се сеќава на Сашо Оцевски – одржан меморијален турнир во мал фудбал

(ФОТО) Драчево се сеќава на Сашо Оцевски – одржан меморијален турнир во мал фудбал

Синоќа на игралиштето за мал фудбал Голем парк, населба Драчево се одржа четвртиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски- Мешко“, во чест на поранешниот фудбалер и медиумски работник Сашо Оцевски.

Овој традиционален меморијален турнир се одржува на роденденот на Сашо, а е организиран од неговото семејство и пријателите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Годинава на турнирот учествуваа 4 екипи: „ССК 83/84“, „Комити Драчево“, „Коперникова“ и „Сторија кафе“.

Пехарот оваа година замина кај момците од „Коперникова“ кои во финалето ја совладаа екипата на ССК 83/84 со резултат 4:3.

Ревијален натпревар има и дечињата од фудбалските школи ФК Њу Старс 2008/09 и ФК ФУДБАЛ КИДС 2008/09. Истиот заврши со резултат 4:2 за децата од ФК Њу Старс 2008/09.

Ова издание на меморијалниот турнир беше посебно поради фактот што имаше добротворен карактер. На игралиштето беше поставена кутија за донации, наменети за Јана Арсовска од Охрид која веќе 4-та година се бори со тешката болест адултен неуробластом. Викендот сите што ќе посакаат да донират за Јана можат да го направат тоа во „Сторија кафе“, населба Драчево.

Саше Оцевски беше поранешен фудбалер, медиумски работник и голем заљубеник во спортот. А големиот број присутни на турнирот се доказ дека пред се нашиот мил Саше беше и прекрасен човек.

РЕЗУЛТАТИ ОД IV МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „САШО ОЦЕВСКИ-МЕШКО“

ССК 83/84 – Комити Драчево 3-2

Коперникова – Сториа Кафе 2-2 (2-1 по изведување на пенали)

Меч за трето место: Сториа Кафе-Комити Драчево 2-2 (2-1 по изведување на пенали)

Финале: Коперникова – ССК 83/84 4-3

Ревијален натпревар: ФК Њу Старс 2008/09 – ФК ФУДБАЛ КИДС 2008/09 4-2

Организаторите на турнирот ја изразуваат својата голема благодарност до Општина Кисела Вода за укажаната помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…