Бројот кој со себе носи огромен притисок во Јувентус наскоро би требало да добие нов сопственик.
На почетокот се очекуваше Федерико Бернардески да го добие легендарниот број, но тој истакна дека „десетката“ во Јувентус не се добива така лесно, па не го облече овој дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судејќи според се нов сопственик на „десетката“ ќе биде миленикот на навивачите Паоло Дибала.
Аргентинецот е еден од најдобрите фудбалери на „старата дама“ и навивачите сметаат дека бројот кој некогаш го носеше големиот Алесандро Дел Пиеро заминува во вистински раце
Иначе, последен кој во Јувентус ја носеше „десеката“ беше Пол Погба, кој ги разочара навивачите со трансферот во Манчестер Јунајтед.