Денес фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за натпреварите против Грузија и Бугарија.




Селекторот Благоја Милевски се соочи со големи проблеми поради повредите и натпреварувачката форма.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Милевски и на прес-конференцијата при објавата на составот истакна дека не е задоволен од формата на репрезентативците, а дополнитено дојдоа вести и за повреди.




Од планираниот список отпаднаа Дарко Чурлинов, Валон Етеми и Стефан Ристовски. На местото на капитенот Ристовски денес дополнително беше повикан Егзон Бејтулаи.




Oд 17:00 часот попладнево беше одработен и првиот тренинг, иако со многу проблеми одиме по тоа прво место во групата која е пеколно тешко мисија со оглед на тоа дека Грузија е во многу подобра позиција од нас.




Грузија на првото место има 10 бода, ние на второто седум Бугарија три и Гибралтар еден.
Фото: ФФМ





