Дома Македонски спорт Формација 3-5-2, ова веројатно ќе биде составот со кој ќе „бркаме“ Европско!

Формација 3-5-2, ова веројатно ќе биде составот со кој ќе „бркаме“ Европско!

Денес може да биде голем ден за македонскиот фудбал, Македонија е на 90 минути од историја и пласман на Европското првенство

Сите веруваме дека фудбалерите ќе не израдуваат и ќе се пласираат на Европското првенство кое се игра идното лето. Ваква шанса кој знае дали пак некогаш ќе имаме, затоа мораме да ја искористиме.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Пред овој натпревар селекторот Игор Ангеловски се соочи со проблеми затоа што непосредно пред тргнувањето за Тблиси отпаднаа Барди поради повреда, додека Велкоски и Ристевски беа позитивни на Ковид-19.

Адеми исто така има проблеми со повреда, меѓутоа според последните информации тој ќе стисне заби и ќе истрча на терен. Во спротивно доколку тој не може него би требало да го замени Костадинов кој беше солиден против Косово.

Формацијата која се најавува е 3-5-2, па еве како би можел да изгледа нашиот тим во историскиот натпревар.

3-5-2 – Димитриевски; Бејтулаи, Велковски, Муслиу; Ристовски, Адеми/Костадинов, Николов, Елмас, Алиоски; Пандев, Несторовски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тијаго, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во н…