Aмерканската автомобилска компанија Форд се враќа во Формула 1, но од 2026 година како партнер на Ред Бул.
Експанзијата на Формула 1 е голема овие години и во наредните се очекуваат нови проекти. Дел од тие проекти ќе биде компанијата од Детроит – Форд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот производител на возила заедно со Ред Бул ќе креира агрегат и ќе ја преземе улогата на Хонда кој минатата година отстапи од соработката со австрискиот тим.
За 2026 година покрај Ред Бул и Форд како производители на мотори се потврдени: Алпина, Ауди, Ферари, Хонда и Мерцедес.
Форд беше исклучен од Формула 1 уште во 2004 година и ова е големо враќање на славата автомобилска куќа.