Дома Фудбал Италија Фонсека: Играме против Милан, а не против Ибрахимовиќ

Фонсека: Играме против Милан, а не против Ибрахимовиќ

Денес Рома и Милан го играат последниот натпревар од петтото коло во Серија А.

Милан има одличен старт на сезоната, во четири натпревари „росонерите“ имаат четири победи и се лидери на табелата. Покрај тоа за изгубен натпревар не знаат уште од март.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа Пауло Фонсека смета дека неговиот тим може до позитивен резултат. Новинарите пред мечот го запрашаа и за одличната форма на Ибрахимовиќ.

„Ибра е голем професоналец, ако не беше така немаше да игра на тоа ниво на 39 години. Но, сега ние не играме против Ибрахимовиќ туку против Милан. Не го спремам тимот само за еден човек, работиме на планот како да го запреме целиот тим. Имаме екипа со силен идентитет и последните резултати не ни беа лоши. Да, Милан е во топ форма, сепак ние доаѓаме мотивирани и сакаме да докажеме дека сме екипа која може да конкурира за врвот на првенството“, изјави Фонсека пред вечерашниот натпревар.

Милан и Рома играат денес со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…