Дома Фудбал Останато Фонсека за ситуацијата во Киев: Се молиме некоја бомба да не падне врз нас

Фонсека за ситуацијата во Киев: Се молиме некоја бомба да не падне врз нас

Пауло Фонсека се најде среде војна во градот на неговата сопруга, Катерина Остроушко. Поранешниот тренер на Рома и Шахтјор за португалските медиуми раскажа за тешките моменти низ кој поминал.

Португалецот бил разбуден со бомбардирањето на Киев и во овој момент и тој како и голем број други е заглавен во Украина.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Утрово се разбудив со пет експлозии во низа. Имавме лет закажано за денес, но сега невозможно е да се замине затоа што аеродромите не функционираат. Ова е најлошиот ден во мојот живот. Сега чекаме и се молиме да имаме среќа, се молиме некоја бомба да не заврши врз нас“, изјави Фонсека.

Фонсека преку социјалните мрежи се заблагодари на поддршката.

„Добив голем број пораки од луѓе во Португалија. Сакам да се заблагодарам за големата грижа за мене и моето семејство. Се надевам се ќе биде во ред и наскоро ќе се видиме“, порача португалскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лампард даде одговор на прашањето кој е подобар, Меси или Роналдо

Легендата на Англија и на Челзи, Френк Лампард и понатаму има култен статус во англискиот …