Според најавите на францускиот „Л’Eкип“ Милан е ставен на продажба и наскоро може да добие нови газди.
Наводно, Фондот Елиот веќе започнал преговори со Инвесткорп, фонд од Бахреин кој има вредност од околу 40 милијарди долари. Исто така францускиот медиум пренесува дека Милан и Лил се „под лупата“ на УЕФА поради сомневање дека исти луѓе управуваат со двата клуба.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Весникот во веста ја образложува сопственичката структура на двата клуба и се истакнува дека има поклопувања. Треба да се спомене дека Милан со Лил има добра соработка на трансфер пазарот.
Од овој тим во Милано пристигнаа Рафаел Леао и Мајк Мањан, а наредното лето кон Милан би можеле да тргнат Свен Ботман и Ренато Санчез.
„Ројтерс“ исто така ја потврдува информацијата на „Екип“ и пренесува дека преговорите се во напредна фаза и арапскиот фонд ќе го купи Милан за 1 милијарда евра.
Bahrain’s InvestCorp fund is in exclusive talks with Elliott Management to buy iconic Italian football club AC Milan, sources say https://t.co/bf4ezxP7Il
— Bloomberg Middle East (@middleeast) April 15, 2022