Одличен натпревар на „Енфилд“ играат Ливерпул и Манчестер Сити, во десетина минути во второто полувреме видовме дури три супер шанси, една од нив беше и гол, но реагираше ВАР па истиот се поништи.
Гол во 53. минута постигна Фил Фоден, меѓутоа главниот судија беше повикан во ВАР собата да провери претходен дуел на Халанд со Фабињо. Судијата процени дека Халанд доволно го влечел Фабињо за да голот да биде поништен, па резултатот остана 0:0.
Foden Goal vs Liverpool 🔥🔥#LIVMCI pic.twitter.com/8sbJLbuKjJ
— Football Videos (@Fo0tballVideos) October 16, 2022