Селекторот на Австрија, Франко Фода е свесен дека натпреварот против Македонија за неговата селекцијан а 13. јуни нема да биде лесен.
Австрија во европквалификациите во 2019 година двапати не победи, прво во јуни во Скопје со 4:1, а потоа и во Виена со 2:1. Селекторот на Австријците Фода посочи дека првиот натпревар секогаш е најважен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„На еден голем турнир првиот натпревар секогаш е многу важен, можеби и најважен. Македонија е репрезентација која добро ја познаваме. Тоа што сме играле со нив нема да биде проблем, но тие победи не треба да не залажуваат дека ќе биде лесно“, изјави Фода.
Ќе потсетиме Македонија отвара со Австрија, потоа играме со Украина, па на крајот со Холандија.