Јасно што е главна тема во текот на денешниот ден, а ќе биде сигурно и во наредните – Кристиано Роналдо и Јувентус.
Имено, сите светски медиуми на големо пишуваат за трансферот на Роналдо во Јувентус. Според последните информации Реал Мадрид ја прифатил понудата од 100 милиони евра, а Португалецот во со „старата дама“ би потпишал договор на четири години со плата од 30 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најновата вест поврзана со оваа тема ја пренесува шпанска „Марка“.
Како што пренесува реномираниот медиум, Флорентино Перез закажал итен состанок со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.
Планирано е состанокот да биде одржан најдоцна утре, а секако ќе се разговара за иднината на Роналдо, односно понудата од Јувентус.
Повикувајќи се на свои извори весникот пишува и за нарушениот однос помеѓу Роналдо и Перез и во последниот период. Наводно, Роналдо во Мадрид не се смета за доволно почитуван.
Florentino-Mendes: reunión inminente para tratar de urgencia el futuro de Cristiano https://t.co/JtEyt3bs8r pic.twitter.com/zoBNZc9Wjs
— MARCA (@marca) July 4, 2018